Во велешката полиција вчера била приведена Ц.Л.(43) од Велес, под сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Имено таа според пријавеното одзела пари од домот на С.Д.(62) од Велес, со кој претходно била во врска.
Содржината продолжува под рекламата
„На 28.02.2024 во 10.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Ц.Л.(43) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според пријавеното, од домот на С.Д.(62) од Велес, со кој претходно била во врска, одзела пари“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: