Реклама

Превалец и Горски одиграа пријателски натпревар

Фудбалерите на Превалец ги привршуваат подготовките пред почетокот на пролетниот дел на Третата фудбалска лига – Југ. Вчера во контролен натпревар кој се одигра на стадионот во населбата Превалец, велешкиот третолигаш го совлада ФК Горски со резултат 5:1 полувреме 1:1.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Станковски Ристе и Буковски Александар стрелаа по два пати, додека еден погодок постигна Драскачев Филип. На овој натпревар ФК Горски имаше можност да ја промовираа новата опрема за пролетниот дел.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Втората етапа од Третата фудбалска лига – Југ започнува на 10 март, а Превалец во првото коло e слободен. Првиот предизвик за тимот од велешката населба е на 17 март, кога гостува тимот на Питу Гули од Крушево.

Можеби ќе ве интересира: