Жена го ограбила починатиот кај Нов мост веднаш штом паднал

Полицијата трага по жена која го ограбила Т.Ѓ. кој утрово почина кај дуќаните на Нов мост, во близина на ДОЗ. Откако 54-годишниот велешанец паднал, до него му се приближила жената, му ги земала парите и избегала, соопшти полицијата.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 01.03.2024 во 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Велес бил пронајден починат Т.Ѓ.(54) од Велес. Според пријавеното, откако паднал до него се доближило женско лице, кое му одзело пари, по што го напуштило местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, велат од СВР Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Јавен обвинител извршил увид и дал наредба за обдукција врз телото на починатиот, за да се утврди дали има траги на насилство. Од Итната медицинска помош за Батали.нет изјавија дека утрово околу 9:50 часот добиле повик за починат човек на улица, а нивната екипа констатирала смрт на местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: