Фудбалерите на Борец денес на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, во контролен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од Третата фудбалска лига, беа поразени од екипата на Вардарски од Богданци со резултат 1:2, полувреме 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани на овој натпревар беа осетно ослабени со неиграњето на неколку стандардни првотимци. Единствениот гол за домашниот состав беше дело на Александар Јордановски.
Содржината продолжува под рекламата
Првенството во Третата фудбалска лига – Југ започнува следната недела, а Борец во првото коло гостува кај последнопласираниот тим на Бучин.
Можеби ќе ве интересира: