Реклама

КМФ Форца беше преголем залак за Кеги Моби

КМФ Форца ја оправда улогата на фаворит и во спортската сала „Гемиџии“ во Велес му го нанесе 8 пораз на велешкиот состав Кеги Моби со резултат 11:1, полувреме 5:0.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Екипата на КМФ Форца кој и пред натпреварот важеше за голем фаворит речиси без напори ја совлада екипата на Кеги Моби. За велешани стрелец на единствениот погодок беше Петар Левков во 29 минута од натпреварот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По 13 одиграни кола од Првата македонска футсал лига, екипата на Кеги Моби се наоѓа на осмата позиција со 13 освоени бода. Следното коло велешани гостуваат во Крива Паланка кај екипата на Осогово.

Можеби ќе ве интересира: