Реклама

Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Облачно и посвежо време со врнежи од дожд се најавува за денеска во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места од земјата врнежите од дожд се очекува да бидат обилни. На планините, се вели во прогнозата од УХМР, врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови од земјата, на некои од повисоките места, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот, велат од УХМР. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 8 степени, а во текот на денот од 5 до 14 Целзиусови степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И во Велес, времето денеска, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро температурата ќе биде 5 степени, а дневната ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.

Можеби ќе ве интересира: