Реклама

Фудбалерите на Превалец ги испратија Крабинци со пет гола во мрежата

Фудбалерите на Превалец ги наместија нишанските справи и ги испратија гостите од Карбинци со пет гола во мрежата. Екипата од велешката населба Превалец во деветиот контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел го совладаа тимот на Карбинци со 5:1, Полувреме 3:0.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Стрелци на головите за Превалец беа Станковски Ристе, Стефановски Љупче, Коцевски Гоце, Давитков Иванче и Буковски Александар. И на претходниот контролен натпревар кој го одиграа фудбалерите на Превалец постигнаа пет погодоци против екипата на Горски.

Agria

Пролетниот дел на Третата фудбалска лига – Југ започнува овој викенд, а Превалец во првото коло е слободен.

Можеби ќе ве интересира: