Реклама

(ВИДЕО) Анализа за престојните претседателски избори

Glasanje-glasach-pretsedatelski-izbori-kutija-palec-lampa-21apr19-Borche-Popovski

Трката почнува во знакот на број 7. Седуммина кандидати, на седмите претседателски избори. Освен да освојат што повеќе гласови на своето конто, сите заедно имаат уште една цел – да мобилизираат 40 проценти од избирачите со право на глас, што е услов изборите да успеат.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Од Киро Глигоров, кој првиот мандат во 1990 го доби во Собрание, до последниот победник Стево Пендаровски. Што е важно за изборите за шеф на државата? Изборниот праг секако. Во почетоците на независноста, кога се подготвуваше Уставот, неговите творци не помислувале дека високиот праг за избор на претседател од 50 отсто, веќе во новата декада ќе стане тешко достижен и ќе отвори простор за разни политички маневри и пазарења.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во 1994-та на првите претседателски избори, гласаа рекордни 77 проценти од избирачите. Пет години подоцна излегоа 69 отсто гласачи. Кога на предвремените претседателски избори во 2004 гласаа само 53 проценти, беше јасно дека изборниот праг мора да се спушти. Во 2009 година, тој веќе беше 40 отсто и тоа се потврди како исправно. Во трка со цензусен фото финиш, излегоа едвај 2 процентни поени повеќе гласачи над цензусот, иако во исто време се бираа и градоначалници. Пет години подоцна, тогашната власт, со претседателските одржа и парламентарни избори и така успеа да го мобилизира гласачкото тело, чиј процент на излезност изнесуваше 54 отсто. Но, последната изборна трка во 2019-тата, кога излегоа малку над 46 проценти, ги натера политичарите да размислуваат за повторно намалување на изборниот праг.

Претстојните двојни избори – претседателски и парламентарни, ќе бидат трети такви во историјата на земјата. Тоа донекаде гарантира дека изборната трка ќе успее. Но, политичкиот моментум навестува возбудливи резултати и можни пресврти.

Еден таков е забележан во 99-тата. Тито Петковски како кандидат на СДСМ по првиот круг имаше водство со разлика од речиси 125 илјади гласови. Но, тогаш владеачката ВМРО ДПМНЕ успеа да ги придобие албанските избирачи и во вториот круг, на контото на својот кандидат Борис Трајковски придодаде огромни 363 илјади нови гласови и за прв пат нивни кандидат стана претседател.

Анализите на претходните претседателски избори покажуваат и други интересни факти. Рекордот по број на освоени гласови во една претседателска трка го држи првиот претседател Киро Глигоров. За него гласаа 715 087 избирачи и не му требаше втор круг, за да го победи Љубиша Георгивски, чиј резултат од освоени 197 109 гласови таа 94-та година во исто време е најслабиот во историјата на претседателските избори кај нас. Таа трка е и единствената досега, решена само во еден круг.

Вкупно девет Албанци биле во трка за шеф на државата. Иако главниот извор на гласови им е албанскиот кампус, во 2009-тата Имер Селмани како кандидат на малата Нова демократија освои 147 547 гласови и е првиот кандидат Албанец за кого гласаа и Македонци. Тогаш, тој успеа убедливо да ги победи кандидатите и на ДУИ и на ДПА.

На претходните шест изборни циклуси, учествувале само две жени. Првата беше Мируше Хоџа од ДПА во 2009-тата. Следната, која дури успеа да влезе во вториот круг, е Гордана Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ. Таа е кандидат и на овие избори, но не е едиствената. За прв пат во претседателска трка ќе имаме две припаднички на понежниот пол, откако Билјана Ванковска Цветковска ќе биде кандитатот на Левица.

Можеби ќе ве интересира: