Отворен ден за граѓаните по повод 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата ќе се одржи денеска на плоштадот во Кавадарци во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, а во соработка со Општина Кавадарци.
На отворениот ден во Кавадарци, како што е наведено во соопштението од МО и ГШ на Армијата, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар и да се запознаат со дел од вооружувањето, борбените системи, армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.
Граѓаните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со техничките карактеристики на борбени, системи и артилериските орудија од артилерискиот баталјон, дел од вооружувањето, воената опрема и возила од баталјонот на воена полиција, четата АБХО, баталјонот за врски и извидувачко разузнувачкиот баталјон.
Активноста ќе ја проследат и командантот на командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и претставници од локалната самоуправа на Кавадарци.
Можеби ќе ве интересира: