Само две минути ги делеа футсал играчите на Кеги Моби од победа во Крива Паланка. Пред преполната спортска сала „Бранители“, велешани ремизираа со домаќинот Осогово 2022 со резултат 1:1.
Содржината продолжува под рекламата
Кеги Моби поведе со голот на Костадин Петров во 13 минута од натпреварот. Домашните притиснаа но никако не можеа да го пронајдат патот до мрежата на велешани. По неколкуте неискористени шанси за зголемување на водството на Кеги Моби, следуваше казна во 38 минута и домаќините преку Дамјан Ангеловски извлекоа реми.
Содржината продолжува под рекламата
По 14 одиграни кола велешани се наоѓаат на осмата позиција со 14 освоени бода. Во следното коло Кеги Моби го пречекува составот на Овче Поле кој е последен на табелата со освоени пет бода.
Од Кеги Моби реагираат на судењето на судијата Маријан Младеновски, кој со неколку сомнителни одлуки и неспортски однос кон играчите на клупата на КМФ Кеги Моби уште од самиот старт на натпреварот, отвора сомнеж дека има некаква намера против велешкиот тим.
Можеби ќе ве интересира: