ЈО поведе истраги против млади дилери на хероин во Велес и Скопје

Droga Heroin
Droga Heroin

Поведени се истраги против двајца дилери на хероин во Скопје и Велес, информираа од Јавното обвинителство.

Zito akcija 640x289px

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции, од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 15 март, полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле одземени и четири дигитални ваги и други предмети со остатоци од хероин“, се наведува во соопштението.

Agria

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 21-годишник, бидејќи оценил дека постои опасност од бегство и можност, тој да го повтори делото.

„Основното јавно обвинителство Велес, пак, донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник, кај кого при претрес во домот на 13 март, беа пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол. И за овој осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции, Обвинителството предложи да биде определена мерка притвор“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: