Фудбалерите на Борец рутински го совладаа денешниот противник, составот на Слога од Лажани победувајќи со резултат 3:0, полувреме 2:0.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Виктор Перчинков во 7 минута, по добро изведениот корнер на Ивановски. Во 41 минута Јосиф Манасиев по една брза контра го совлада гостинскиот голма. Конечниот резултат го постави Пеце Стојанов во 60 минута од натпреварот.
Содржината продолжува под рекламата
По 13 одиграни кола Борец е лидер на табелата со освоени 29 бода, четири повеќе од второпласираната екипа на Големо Коњари. Во следното коло велешани гостуваат кај екипата на Росоман.
Можеби ќе ве интересира: