Реклама

Велешаните Амбарков и Белевски ќе судат на завршницата на одбојкарскиот Куп на Македонија

Велешките одбојкарски судии Орданче Амбарков и Иванче Белевски добија задача да го судат полуфиналниот дуел од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција помеѓу Струмица и Лирија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Годинашното издание на завршните натпревари во одбојкарскиот Куп на Македонија, во двете конкуренции, ќе се одржи во Штип.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Велешкиот шмек на овој полуфинален дуел го зачинуваат и делегатот Ѓоре Зафиров и велешките одбојкари кои настапуваат за Лирија, Ивковиќ, Димовски и Колев.

Амбарков и Белевски се меѓу најдобрите одбојкарски судии во Македонија. Доказ за тоа е и делегирањето на минатогодишното финале на Купот на Македонија и финалето на Ф4 во лигата во женска конкуренција.

Можеби ќе ве интересира: