Реклама

Лекарската комора бара итно расветлување на убиството на докторот

lekarska komora

Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара.

Zito akcija 640x289px

„Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат“, велат од Лекарска комора.

Agria

Според нив загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин.

„Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем. Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира“, објавија од лекарската комора.

Вчера, во 23.09 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, на паркингот пред Поликлиниката „Железара“, со убодни рани на телото бил пронајден А. Т. (67) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил пронајден од своите синови, кои почнале да го бараат откога тој не се вратил дома од работа. Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира: