Ортопедот Зоран Арсовски ќе биде кандидат за пратеник во собранието на владејачката СДСМ од Велес. Ова вечерва официјално е потврдено и од самата партија
Тој се наоѓа на седмата позиција во третата изборна единица, а носител во истата ќе биде досегашниот прв човек на УЈП, Сања Лукаревска, второто место е резервирано за Љупчо Николовски.
Арсовски е роден 1985 година, завршува медицински фалултет во Скопје. Од 2011 до 2015 година, работи како Професор во средното медицинско училиште во Велес, а четири години подоцна започнува со ортопедски процедури, кои до тогаш не се изведуваат на одделот за ортопедија и трауматологија во Велес.
Парламентарните избори се закажани за 8 мај, и ќе бидат заедно со вториот круг од претседателските избори.
Можеби ќе ве интересира: