Турскиот металургиски гигант „Јилдирим“ е новиот сопственик на Еуроникел од Кавадарци. Веста за продажбата на поранешно Фени денеска ја потврди и Комерцијална банка, од каде што велат дека потпишале договор за продажба на имотот на комбинатот, со друштва основани од холандската холдинг компанија „Полиникел холдинг“, која е дел од групацијта Јјилдирим груп“.
Содржината продолжува под рекламата
Ова доаѓа откако од октомври лани тогашниот сопственик „Џи сол“ го напушти кавадаречкиот комбинат, оставајќи ги во неизвесност и без четири плати околу 1000 вработени.
Содржината продолжува под рекламата
По веста за продажбата на Еуроникел, се очекува вработените да се вратат на работа, а производството да продолжи. Од Комерцијална банка, која поради невратен кредит активираше хипотека и стана сопствнеик на имотот на кавадаречката фабрика, велат дека во последните неколку месеци вложиле над 1,5 милиони евра, за да ја одржат фабриката во кондиција.
Можеби ќе ве интересира: