Отстранет е дефектот на водоводна линија поради кој во текот на изминатата ноќ прекин на водоснабдувањето имаше на дел од ул. Благој Ѓорев и ул. Костурска.
Содржината продолжува под рекламата
„Со цел кај жителите од овие улици што поскоро да се воспостави водоснабдувањето и поради сериозноста на дефектот, работните активности траеа од 17.00 часот вчера кога настана дефектот, и продолжија во текот на ноќта, односно до 04.00 часот утринава, по што водоснабдувањето беше повторно воспоставено“, информираа од ЈКП Дервен на официјалната фејсбук страна.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку дефектот се случи вчера во попладневните часови по што беа поплавени и главните сообраќаjници во градот.
Можеби ќе ве интересира: