Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ).
Содржината продолжува под рекламата
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 76 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 87,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе остане 85 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.
Можеби ќе ве интересира: