Реклама

Ивановски со хет трик му обезбеди опстанок на Кеги Моби

Kegi Mobi Zelezarec

Велешани и догодина ќе гледаат прволигашки футсал. На едно коло пред крајот на Првата футсал лига на Македонија, Кеги Моби со победата над Црна Река од Кавадарци со резултат 5:3, обезбеди опстанок во елитата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Натпреварот не започна најдобро за домашниот тим, откако уште во првата минута гостите преку Каровски поведоа со 1:0. Израмнување донесе Кирил Ивановски, кој до крајот на првиот дел постигна хет трик, а стрелаше и Адиловиќ за на полувреме се замине со резултат 4:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Второто полувреме Кеги Моби рутински го одработи и ја забележа шестата победа во првенството. До крајот останува уште натпреварот против екипата на Клими кој ќе се одигра наредната недела.

Можеби ќе ве интересира: