Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години претрпе пораз на меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, откако во спортската сала во Новиград, Македонија загуби од Словенија со резултат 3:2.
Содржината продолжува под рекламата
По почетното водство на Словенија, нашиот национален тим имаше предност од 2:1, но не успеа да ја исконтролира и задржи во второто полувреме. Во составот на Македонија беа и велешаните Марко Јанушев и Петар Каров, членови на КМФ Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
Во второто коло кое е на програмата на 3 април ќе се одигра натпреварот со домаќинот Хрватска, во 18. часот. На 5. април, со почеток во 13. часот ќе со одигра натпреварот со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.
Можеби ќе ве интересира: