Реклама

(ВИДЕО) Погледнете како од денеска се вози по улиците околу училиштето Васил Главинов и кај Симпо

nov soobrakaen rezim

Нов режим, со еднонасочно одвивање на сообраќајот воспостави од денеска Општина Велес на четири улици во Нова населба. Се работи за улиците „д-р Христо Татарчев“, „Никола Карев“ и „11. Октомври“, односно двете околу училиштето т„Васил Главинов“, онаа кај споменикот на Алексо Демниевски Бауман и улицата кај Симпо. Улиците се соодветно обележени со хоризонтална и вертикална сигнализација.

Zito akcija 640x289px

„Посебно значење и дадовме на зоната околу училиштето Васил Главинов, каде заради поголема безбедност на децата, поставивме сигнализација ЗОНА 30 и ШКОЛО. Апелирам за внимателно возење и за почитување на сообраќајните знаци и на насоките за движење на возилата“, рече градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Agria

Во продолжение, погледнете како е дозволено да се вози по овие улици.