Реклама

ВИДЕО: Доктор Арсовски: И да станам пратеник, велешани нема да ме изгубат како лекар

Ќе останам лекар и ќе ординирам во велешката болница за моите пациенти, дури и ако бидам избран за пратеник, рече доктор Зоран Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на свеченоста по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето, која се одржа денеска во велешката болница.

Zito akcija 640x289px

„Сакам да ги уверам сите граѓани дека нема да изгубат лекар, нема да изгубат ортопед, нема да изгубат хирург. Сите оние кои ме познаваат, знаат дека мојата професија е најважната работа за мене и ќе се посветам на секој граѓанин да ја добие мојата помош. Досега ниту еден граѓанин, пациент кој имал потреба од моја професионална помош не бил одбиен и сите ја добиле мојата поддршка. Јас сум лекар и мојата лекарска заклетва е идеал и тоа така ќе остане. Сакам повторно да ги уверам граѓаните дека, како било до сега, така ќе биде и од сега. Сите граѓани кои ќе имаат потреба, ќе бидат од мене прегледани, оперирани и згрижени како што било до сега“, рече др. Арсовски.

Agria

Ортопедскиот хирург, доктор Зоран Арсовски, кој во моментов е в.д. директор на велешката болница, е на седмото место на листата на кандидати за пратеници на СДСМ во третата изборна единица за претстојните парламентарни избори.

Moжеби ќе ве интересира: