Со третиот гол на натпреварот од пенал во 88 минута на Јосиф Манасиев, Борец го победи домашниот состав, екипата на Пити Гули, и ја продолжи битката за освојување на првото место кое води во баражот за влез во Втората фудбалска лига.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот изобилуваше со пресврти. Најпрво Борец поведе во 8 минута со првиот гол на МАнасиев, за да крушевчани само за две минути направат пресврт со двата гола на Беким Алимовски во 13 и 15 минута. Сепак на полувреме се замина со нерешен резултат со голот на Александар Михајлов во судиското надополнување од првиот дел.
Содржината продолжува под рекламата
Со вториот гол на МАнасиев во 49 минута од натпреварот, Борец одново дојде во водство, кое го анулира Оливер Велевски во 85 минута. Сепак велешани дојдоа до трите бода со гол од пенал, по играњето со рака на еден од домашните играчи.
По 16 одиграни кола, Борец е на врвот на табелата со 33 бода. Зад него се три екипи со по 30 бода, Росоман, Превалец и Големо Коњари. Веќе во недела се игра велешкото дерби, кога Борец го пречекува составот на Превалец.
Moжеби ќе ве интересира: