Реклама

Бочварски: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска беше во посета на Велес. Тој направи увид во рехабилитацијата на улицата 8-ми Март, каде денеска се поставуваше нов слој на асфалт.

Zito akcija 640x289px

Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење за економскиот раст и развој на сите општини во државата. Посебно ако тие директно се насочени кон обезбедување локален економски развој, вклучително и подбрување на условите за живеење на граѓаните, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета во општина Велес.

Agria

„Нашата посета денеска во Велес ја покажува силната заложба да обезбедиме подобри услови за живеење на граѓаните, поквалитетна локална инфраструктура, а верувам дека со овие инвестиции го подобруваме и изгледот на градот. До сега тука во Велес ги реконструиравме улиците Андон Шурков, Лазо Осмаков, Орце Мартинов и Живко Фирфоф, со дел од Благој Ѓорев за што инвестиравме 572 илјади евра. Во втора фаза ја реконструираме оваа улица 8-ми Март на која се наоѓаме и денеска и која е веќе е завршна фаза, а по нејзиното завршување продолжуваме со реконструкција и на улиците Луј Пастер и Љубљанска за што вкупно вложуваме 509 илјади евра. Владата, преку Министерството за транспорт и врски продолжува силно да ги поддржува локалните самоуправи, обезбедувајќи им неповратни средства за реализација на голем број на вакви проекти во патната мрежа кои носат значаен бенефит за сите граѓани“, изјави Бочварски.

bocvarski vo veles

Тој додаде дека до сега ги реконструирале улиците Андон Шурков, Лазо Осмаков, Орце Мартинов, Живко Фирфов и дел од ул. Благој Ѓорев со што го подобриле изгледот на градот

Од министерството за транспорт и врски велат дека преку овој проект директно се инвестираат средства во висина од 70 милиони евра во општините, а до сега реконструирале над 180 локални улици и патишта во преку 60 општини низ државата.

Moжеби ќе ве интересира: