Пожар на просторот во Универзалната сала. Гори кровната конструкција.
На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, потврдија од ЦУК.
Од ЦУК информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот. Црн густ чад се издигаше над Скопје, а сирени од противпожарни и полициски возила се слушаа на сите страни во близина на објектот. Во моментов уште чади објектот, но огнот кој беснееше е ставен под контрола.
Moжеби ќе ве интересира: