Реклама

(ВИДЕО) Дербито на Трета фудбалска лига за Борец

Околу 500 гледачи на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес видоа одличен натпревар од обете екипи, но трите бода ги освои домаќинот Борец, откако во локалното дерби на Третата фубалска лига – Југ го совлада составот на Превалец со 2:1.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Домашниот состав имаше фуриозен старт, и до 15 минута имаа пет-шест стопроцетни шанси за гол, кои напаѓачите на Борец не ги искористија. Во 18 минута, Пеце Стојанов ја затресе мрежата на својот довчерашен клуб за водство на Борец. Гостите како да играа во грч, но првата своја шанса ја искористија и преку Иванче Давитков во 41 минута го израмнија резултатот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И во вториот дел Борец беше подобар, креираше шанси, но не ги искористи. Победоносниот гол го постигна Тале Трајков со еден шут о 16 метри и го совлада голманот Јовановски.

По 17 одиграни кола Борец е на врвот на табелата со 36 бода, веднаш зад велешани сега се најде екипата на Росоман со 33 бода, а во ова коло кисна екипата на Големо Коњари кое на гостински терен одигра само 1:1 , со екипата на Младост од Кривогаштани.

Moжеби ќе ве интересира: