Павле Беловски: Седумдесет проценти од медиумските работници се под просечната плата во Македонија

Прашањето на плати и стандард на новинарите и воопшто на медиумските работници е поврзано со непостоење организиран дијалог меѓу двете страни, меѓу нашиот синдикат и работодавците. Имено тоа е поради фактот што во Македонија не постои здружение на работодавци од медиумската индустрија вели Павле Беловски претседател на ССНМ во интервју за „Слободен печат“.

Zito akcija 640x289px

„Работодавците во медиумската индустрија не се здружени на ниво на работодавци. Оттаму работникот, одностно синдикатот нема страна со кого да преговара, како што предвидува законот. Доколку таква гранка во коморското здружеби се формира ќе може да се преговара и да се постигне колективен договор на кого и Владата ќе може да посредува и да биде гарант преку економско социјалниот совет“, вели Беловски за Слободен Печат.

Agria

Претседателот на новинарскиот синдикат Беловски смета дека ние сме меѓу ретките во стопанството каде работодавците не се здружени, но и синдикалното здружување од друга страна е многу мало во споредба со искуствата од западот.

Кај нас само 17% од работниците се синдикално здружени додека на пример во Данска тој процент е 70 проценти. Во однос на просечната плата за која Владата вели дека сега изнесува околу 700 евра, Беловски егзактно посочува дека дури 69 проценти од медиумските работници се под просечната плата во Македонија од вкупно 3.240 вработени во оваа индустрија.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: