Реклама

Дербито на Трета лига – Југ ќе се одигра во Коњари

Borec Golemo Konjari

Нов предизвик ги очекува фудбалерите на Борец во походот за освојување на првото место во Третата фудбалска лига – Југ, кое обезбедува бараж за пласман во Втората лига.

Во недела гостуваат кај екипата на Големо Коњари, состав кој беше есенски првак, но резултатите во пролетниот дел не им одат во прилог. Во пролетниот дел тие освоија само шест бода и веќе заостануваат зад лидерот Борец со пет бода. Велешани пак со победа ќе ја зголемат предноста и ќе бидат на чекор до баражот.

Zito akcija 640x289px
Agria

Фудбалерите на Превалец, пак на домашен терен ќе се обиде да се рехабилитираат од поразот доживеан на стадионот „Зоран Паунов“ од екипата на Борец и на домашен терен ќе го пречекаат составот на Ултрас. Натпреварите ќе се одиграат во недела со почеток од 15 часот.

Moжеби ќе ве интересира: