Продолжува кампањата за парламентарните избори, пполитичките партии преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, денеска ќе оддржи митинг во Велес.
Свое обраќање според информациите ќе има кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ од Велес, докторот Зоран Арсовски, а предвидено е обраќања да имаат и партискиот лидер Димитар Ковачевски, носителот во изборната единица 3 Сања Лукаревска, како и Љупчо Николовски.
Митингот е закажан во 19.30 во амфитеатарот.
Moжеби ќе ве интересира: