Реклама

Првичните нецелосни резултати покажуваат голема предност на Силјановска-Давкова пред Пендаровски

glasanje

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 2.300 од вкупно 3 508 избирачки места води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени  38,51 отсто од гласоците, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 18,93 проценти од гласовите.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 15,01 проценти од гласовите, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 10,92 %, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 8,27 %, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,54 %и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,92 проценти.

Zito akcija 640x289px
Agria

Одѕивот на претседателските избори до 18 и 30 часот изнесуваше 48,38 отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Moжеби ќе ве интересира: