Виктор Картинов, Тале Наковски , Баже Јанковски, Марио Иванов и Ерсин Абдулов се петте млади момци кој што го формираа новиот музички бенд со името Арена Бенд Велес .
Од бендот велат дека околу големиот христијански празник Велигден ќе објават два нови свадбарски сплетови. но исто така напоменуваат и дека свират повеќе жанрови на музика како народен, забавен, македонски и екс-ју хитови.
Младите момци од бендот велат дека добрата музика е мелем за душата, а веселба без добра музика не остава спомени. Затоа Арена Бенд знае како да ја направи таа магија, не само на вашиот најубав ден, туку секогаш и секаде, додаваат од бендот.
Можеби ќе ве интересира: