Реклама

Борец на чекор до првото место, Превалец му диши во вратот

Остануваат уште три кола до крајот на Третата фудбалска лига – Југ., а велешките екипи во 20 коло ги очекува условно кажано лесни задачи. Превалец ќе го пречека последнопласираниот тим на табелата, екипата на Бучин, додека Борец гостува кај екипата на Марена која е на деветата позиција на табелата.

Zito akcija 640x289px
Borec Prevalec

Веќе утре на теренот на Фудбалскиот клуб Марена, Борец можат доколку ги освојат трите бода и математички да го осигураат првото место и полека да се подготвуваат за баражот во Втората фудбалска лига.

Agria

Најсериозна закана за Борец е составот на Превалец кој ќе очекува до крајот на првенството велешани да кикснат за да го освојот првото место и обезбедат пласман во баражот за Втората лига.

Натпреварите од ова 20 коло поради велигденските празници ќе се одиграат утре (сабота) со почеток од 16 часот.

Можеби ќе ве интересира: