Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70% во однос на одлуката од 29.4.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 86 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 88 денари за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,5 денари, а 74 денари ќе чини литар Екстра лесно. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг.
Moжеби ќе ве интересира: