Вицепремиерот Артан Груби го емитуваше во живо неговото гласање. Тој со видео на Фејсбук покажа дека гласа само на претседателските избори. Во видеото јасно се гледа дека на членовите на комисијата им кажува дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа на снимката се гледа и дека става ливче само во кутијата за паралментари избори.
„Не гласав за претседателските бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Северна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните но не и за претседателските избори“, рече Груби.
Видеото е објавено на неговиот Фејсбук профил.
Според податоците на ДИК за излезноста до 11 часот се гледа дека во деловите од земјава со доминантно албанско населние има евидентно помал одзив на избирите за претседател. Во пресекот до 11 часот според податоците од ДИК, разликата беше повеќе од 21 илјада гласови на ниво на целата држава, но на избирачките места до доминантно албанско население, разликата е многу поголема.
Можеби ќе ве интересира: