Вратени старите цени на полисите за автоодговорност

Veles juni 2022
Veles juni 2022

Осигурителните дружтва ги вратија старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата откако одлуката на Владата беше објавена во службен весник.

Zito akcija 640x289px

Цените се вратени на ниво од 24 април кога беа зголемени за 15,4%.

Agria

Претходно Комисијата за автомобилска одговорност ѝ препорача на Владата да ги врати цените на авто-полисите.

Осигурителните компании реагираа на оваа одлука наведувајќи дека „претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“.

Не се знае што  ќе се случува со уплатите на граѓаните кои ги регистрираа возилата со повисоко осигурување  во периодот од донесување на одлуката за зголемување на цената до вчера. Ниту владата, ниту осигурителните компании немаат одлука за тоа.

Граѓаните во периодот на повисоки цени на осигурувањето на возилата плаќаа повеќе од 840 до 1.600 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: