Реклама

Велес има 25 пати повеќе заразени и 50 пати поголем број луѓе во изолација од Кавадарци

Осумнаесет нови граѓани на Велес од вчера се во изолација, откако добиле решенија, бидејќи имале контакти со лица заразени со коронавирус. Со нив, во моментов во Велес вкупно во изолација се 164 граѓани. И оваа бројка покажува дека епидемијата во Велес сеуште демне.

Zito akcija 640x289px

За разлика од Велес, во Кавадарци вчера само еден граѓанин добил решение за изолација. Вкупниот број на лица во изолација во град кој е двојно помал од Велес е само три лица. Во Неготино петмина во моментов се во изолација.

Agria

Бројката на заразени велешани од почетокот на пандемијата до сега изнесува 126 лица, додека во Кавадарци имаше само петмина, од кои еден странски државјанин. Во Неготино досега се регистрирани само два случаи на заразени со коронавирус.