Реклама

Мерко: Баш не брига

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга не се согласува со предлогот на Антикорупциската комисија која побара Владата да се справи со уривањето на дивоградбите во Струга и Охрид, наместо тоа да го прави прави локалната самоуправа.

Zito akcija 640x289px

“Сè ќе му дадеме, не да рушиме. Ние ќе му кажеме да догради уште, не да рушат. Овие работи вас и на многу невладини што ги има во Охрид напаѓаат за Струга што нас за тоа баш не брига … Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Ние сме локална власт. Што сме ние?”, вели струшкиот градоначалник.

Agria

Овие изјави Мерко ги даде во текот на вчерашниот ден во присуство на министерот Бектеши кој рече дека се прифатливи ако не се косат со законите. Инаку Мерко и натаму тврди дека во заштитениот појас во Струга нема дивоградби, а тие 262 во регистарот кој го доставил до Владата биле градби во селски средини кои не го загрозувале статусот под Унеско. Ова не е првпат Мерко да негира дека на струшкото крајбрежје постојано испаѓаат дивоградби на самиот брег на езерото. Тој постојано повторува дека Унеско е само проблем на Охрид и дека исклучиво градската власт треба да се погрижи да го реши овој проблем, што пак многу се коси и со извештаите на инспекторите кои неколку години наназад во повеќе наврати укажуваат и за значителна узурпација и на струшката страна од охридското езеро.