Реклама

Скопјанец повреден по пад од мотоцикл кај велешко езеро Младост

policija svetla

Мотициклист е повреден откако ноќеска возејќи на патот езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 12.05.2024 во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102
езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, велешко, Ѓ.С.(35) од Скопје,
управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал
на коловозот“, соопштија од СВР Велес.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: