Со победа во баражот за Ф4 над екипата на Мулти Есенс со резултат 29:28, кадетската екипа на Бисинов Фруитленд се пласираше на завршниот турнир за ракометен шампион во кадетска конкуренција.
Содржината продолжува под рекламата
Кадетите на Бисинов Фруитленд претходно завршија на втората позиција на табелата во Група „В“ и обезбеди разигрување за пласман на Фајнал фор турнирот. Како првопласирани во групите пласман веќе обезбедија екипете на Алкалоид, Струга и Еурофарм Пелистер 2. Местото каде ќе се одигра завршниот турнир допрва ќе го одреди Ракометната федерација на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Во екипата на Бисинов Фруитленд настапуваат десниот бек Александар Ристовски пивотот Александар Славковски и десното крило Мартин Иванов кои беа повикани во машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија која обезбеди пласман на Европско Првенство што летово ќе се оддржи во Црна Гора.
Пред две сезони пионерите на Бисинов Фруитленд станаа државни прваци на завршниот турнир кој се одигра во Велес, откако ја совладаа екипата Струга, со резултат 21:18.
Moжеби ќе ве интересира: