Реклама

Еден велешанец во новозаразените од последното деноноќие, кластерот е познат

Infektivno Veles

Еден велешанец е меѓу новите 40 случаи на заразени со коронавирус. Батали.нет дознава дека заразениот велешанец бил вработен во фабриката за автобуси “Ван Хол”, каде што првите заразени се појавија пред десетина дена.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа двајца велешани оздравеле.

Agria

Во последното деноноќие направени се 549 тестови и откриени се нови 40 позитивни на коронавирус. Оваа бројка не оди во прилог на олабавување на мерките пред претстојниот празничен викенд.

Според местото на живеење, новите 40 позитивни се од следниве градови:

  • Скопје 26
  • Куманово 1
  • Прилеп 1
  • Тетово 10
  • Велес 1
  • Битола 1

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден еден позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, на починати е 111, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.