Кадетскиот ракометен шампионат во сабота ќе го дознае шампионот за оваа сезона. Maшките кадетски екипи на Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Струга и велешки Бисинов Фруитленд ќе учествуваат на фајнал-фор завршницата која што ќе биде организирана во скопската сала „Автокоманда“.
Текстот продолжува под рекламата
Ждребката посака екипите на Бисинов Фруитленд и Еурофарм Пелистер да ги вкрстат копјата во полуфиналниот дуел. Втората полуфинална двојка е Алкалоид и Струга.
Текстот продолжува под рекламата
Кадетскиот репрезентативец Мартин Иванов, член на Бисинов Фруитленд очекува дека неговиот тим ќе го освои турнирот и по втор пат ќе бидат кадетски шампиони на Македонија.
Победниците на полуфиналните двојки ќе се соочат во големото финале во терминот од 19:30, часот, додека натпреварот за третото место ќе се одигра два ипол часа порано.
Можеби ќе ве интересира: