Реклама

ОРУЦ „Маца Овчарова“ опреми сензорна соба по светски стандарди

Соба за сензорна интеграција според највисоките светски стандарди од денеска функционира во рамките на ОРУЦ „Маца Овчарова“ од Велес. Освен учениците од ова училиште, собата ќе можат да ја користат сите деца од Велес, Градско и Чашка. За оваа прилика, Ресурсниот центар испрати на обука три специјални едукатори и сензорни терапевтки.

Zito akcija 640x289px

Опремувањето на сензорната соба чинеше 10 илјади евра, пари чиј дел е собран преку донаторска конференција, одржана во декември лани, на која присуствуваа 400 гости, а беше организирана со помош на Ротари Клуб „Велес“, Лајонс Клуб „Велес“, „Бели Мургри“ Клуб Велес и семејната фирма „Еко Малинов“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Сензорната соба  е строго контролирана терапевтска средина, во која што работи стручен сензорен терапевт, за која што беа обучени тројца специјални едукатори. Оваа сензорна соба е организирана според стандардите на Џин Ејрс и сооодветно опремена со реквизити, кои што се наменети за третирање на сензорниот систем. Голема благодарност на членовите од трите клуба за обезбедување на средствата, но и на сите присутни гости и на останатите донатори, кои лично донираа средства“, рече Мирјана Петрушевска, директорка на ОУРЦ „Маца Овчарова“.

Содржината продолжува под рекламата

Освен што платиле влезница, гостите на донатоирската вечер откупиле и рачни изработки на учениците во ова училиште, објасни Петрушевска, која се заблагодари и на посветеноста на трите едукаторки и сензорни терапевтки Добрила Ефровска, Дијана Попандов и Жана Ѓоргиевска, за посветеноста низ едукативниот процес што го поминале, за да бидат на располагање освен на учениците и на децата во Велес кои се хиперактивни.

Опремувањето на сензорната соба ја помогнаа и „Пододекор“, „Маркард Македонија“, „Осигурување Македонија“ и спорскиот работник и мецена Панче Ќумбев. За да се доопреми собата, треба да се обезбедат уште малку пари, кои училлиштето ги очекува од општествено одговорни граѓани и бизнисмени од Велес.

Можеби ќе ве интересира: