Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, во западните и крајните источни делови ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи која наместа ќе биде изразена во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Текстот продолжува под рекламата
Минималната температура ќе се движи во интервал од шест дои 13 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 16 до 28 степени.
Текстот продолжува под рекламата
За Велес синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала до умерена облачност која се очекува да биде поголема во попладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Можеби ќе ве интересира: