(ВИДЕО) Матичните лекари на протест – ФЗОМ ги скратил лекарствата што смеат да ги препишуваат

Нема да престанеме да им препишуваме лекови на пациентите и по надминувањето на буџетот, дури и по цена на казни, но овој систем мора да се менува, порачаа денеска матичните лекари, кои излегоа на протест, изразувајќи го незадоволството од нискиот буџет за лекови кои Фондот им го дава, за што голем дел од нив се казнети. Иако во септември лани се пофалија дека успеале да се договорат тие, наместо специјалистите, да можат да препишуваат лекови за хронична терапија и антибиотици, Фондот не направил пресметки и не им го зголемил буџетот дополнително.

Првиот човек на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова го повика Фондот уште утре да ги зголеми или да ги укине буџетите. Според неа, лекарите се совесни во препишувањето и секој од нив одговара со својот потпис.

Agria

Од Фондот за здравство велат дека целта за рационално препишување на лекови е стара 10 години и уредена со Правилник. Зошто сега буџетите се надминуваат, не знаат ниту тие, но ветуваат дека ќе откријат, без да се нанесе штета на било кој.

„Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно како никој не би бил оштетен.“

Матичните велат дека проблемите со години само се наталожуваат и не се решаваат, па гневот на лекарите e огромен. Тие размислуваат на генерален штрајк со еднонеделно затворање на ординациите, се до решавање на проблемите.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: