Превентивни активности на СВР Велес во рамки на кампањата „Лето без пожари“

Leto bez pozari SVR Veles

Денеска (02.06.2024) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведена е превентивно-едукативна активност во рамки на кампањата под мотото „Лето без пожари“ на подрачјето на град Велес, односно на излетничко – туристички локалитет „Езеро Младост“, „Бабуна“, населба Отовица.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, но и укажување за потребата од навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

За време на активноста беше посочено на ризикот од зачестено палење на шумите при правење на скара, фрлање отпушоци, а беше упатен и апел за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Притоа, на жителите и посетителите на ова подрачје им беше поделен и едукативен материјал со едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: