Реклама

Дарко Костадиновски нов претседател на Уставен суд

ustaven sud

Уставниот суд конечно по над 10 круга гласање, ја прекина уставната криза и доби нов претседател.

Zito akcija 640x289px

Судијата Дарко Костадиновски добил мнозинство од гласовите, откако колегата Осман Кадриу се откажал од најновата, денешна трка за водство на Судот.

Agria

Претходно се „тркаа“ Тања Васиќ-Бозаџиева , Ана Павловска-Данева и Кадриу, но откако не добија доволно (6) гласови од вкупно 9-те уставни судии, бил предложен Костадиновски.

Уставниот судија Дарко Костадиновски таму е над 5 година. Беше предложен од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а го изгласа тогашното парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, од областа на меѓународното право. Костадиновски за уставен судија дојде од местото државен советник за надворешна политика во Кабинетот на тогашниот претседател Иванов.

Тој во 1998 година работел на проект на УСАИД за подготовка на закони во Собранието на Република Македонија и бил набљудувач во рамките на проектот на Советот за радиодифузија за мониторинг и анализа на електронските медиуми. Во 2015 година, Костадиновски бил назначен на функцијата пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Можеби ќе ве интересира: