Најавите на крајот од сезоната на ракометниот клуб Бисинов Фруитленд дека ќе се обидат да ги вратат велешките ракометари кои играат во други клубови, во Велес полека се остваруваат. Од клубот потврдија дека прво засилување за тимот во новата сезона ќе биде Мартин Димов.
Текстот продолжува под рекламата
Тој доаѓа од екипата на Тинекс Пролет каде настапуваше во претходните четири сезони. Претходно настапуваше за Бутел Скопје, Вардар Јуниор, а има настап и за Вардар. Инаку Димов се враќа во матичниот клуб, бидејќи неговите ракометните почетоци се во клубот Бисинов.
Текстот продолжува под рекламата
Во следниот период се очекува и нови имиња во екипата на Бисинов Фруитленд, како би биле конкурентни во ракометната Супер лига.
Можеби ќе ве интересира: