недела, 8 септември, 2024

Брако и Грин Машинс генерални спонзори на „Трчаме за Рацин“

Реномираните Велешки компании БРАКО и Green Machines беа генерални спонзори на третиот по ред атлетски настан Трчаме за Рацин, кој викендов, како дел од 61-то издание на „Рацинови средби“, се организираше на улиците на Велес, во организација на АК Борец – Велес.

Zito akcija 640x289px

Атлетската трка ја отвори ко-сопственикот на БРАКО и ГРИН МАШИНС, Благој Шалев, кој потенцираше дека двете компании континуирано ги поддржуваат економските, културните, спортските и другите општествени проекти во Велес и таа поддршка ќе продолжи и во иднина.

Agria

На трката учествуваа преку 300 деца и околу 630 возрасни лица, помина во одлична атмосфера и дружење помеѓу учесниците, а медалите за учесниците беа обезбедени токму од БРАКО и ГРИН МАШИНС.

БРАКО го сака Велес и ќе продолжи да ги поддржува активностите за понатамошен развој на градот и општествено културните и забавни проекти за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира: