Реклама

(ВИДЕО) Иван Милевски го промовираше видео записот на песната „Проклети да се предавниците“

Иван Милевски го промовираше видео записот за песната „Проклети да се предавниците“. Станува збор за нова преработка на стара добро позната песна на македонската фолк икона Гоце Арнаудов.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Во време кога човечките вредности се се повеќе пореметени, решивме преку преработка на оваа добро позната песна во нов аранжман, да донесеме свежина и да го подигнеме духот на Македонецот. Снимавме филмски сцени кои го симболизираат самоуништувањето на македонскиот народ“, ни изјави Иван Милевски.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Текстописец на песната е Огнен Неделковски, а аранжманот е на Иван Милевски. Музичкиот спот за „Проклети да се предавниците” е достапен на Јутјуб. Режијата на спотот е на Темелко Андреев.

Можеби ќе ве интересира: