„Едвард Втори“ на велешкиот театар со две награди од МТФ „Војдан Чернодрински“

edvard-vtori-prestava
edvard-vtori-prestava

Жири комисијата на педесет и осмиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во состав Марина Миливојевиќ – Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ – Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ и доделија на претставата „Едвард Втори“ на  театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес две награди.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Награда за костимографија на Симон Мачабели и Раде Василев и награда за младa актеркa на Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа во претставата „Едвард Втори“ кој е во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Награда за уметничко остварување на претставата во целина ја доби ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица за уметничко остварување во претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

На педесет и осмиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, велешкиот актер Јордан Витанов ја доби наградата за животно дело.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: